Ocenite tekst
Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“ и на „евродизелот (Д-Е V)“се зголемуваат 0,50 денари/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,065 денари/кг и сега ќе изнесува 42,262 денара/кг.
Од 21.2.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,00 (денара/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,50 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 77,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,50 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 42,262 (денара/килограм)